Членови од КК „ЗАНШИН ДО“-Битола денеска на прием во кабинетот на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Тие со својот тренер Стевка Јанковска-Петковска го информираа градоначалникот за успесите на натпреварите, меѓу кои и на на Државното првенство за кадети-јуниори кое се одржа во ноември оваа година во ОУ „Крсте Мисирков“ во нас. Ченто, каде битолскиот клуб се закити со злато и сребро во ката тим.
Со златен медал во ката тим се закитија Александар Божиновски, Михаил Марковски и Давид Стојчевски со што обезбедија пласман за Европското првенство во ката тим мажи кое ќе се одржи во Лимасол, Кипар.
Ова, информираа тие, е историски медал за Битола, за прв пат Битолчани се државни шампиони во ката тим мажи кадети-јуниори.
Со сребрен медал во ката тим се закитија Леона Алиловсла, Елена Јончевска, Емилија Илковска и Надалина Талевска.
Градоначалникот Коњановски им честитате за одличните резултатите и за тоа што се вистински спортски амабасадори на Битола.
Инаку клубот кој е основан во 2012 година е единствен карате клуб од Битола кој членува во Карате Федерација на Македонија, која опстојува 59 години и во неа членуваат 80 клубови од Македонија, истакна нивниот тренер Јанковска-Петковска.
фото Општина Битола


