Centar.mk
СВЕТ

Сериозен инцидент на аеродромот Хитроу во Лондон: еден уапсен, неколкумина повредени

Службите за итни случаи и полицијата интервенираа на аеродромот Хитроу во Лондон поради „сериозен инцидент“ кој се случи утрово.

Според локалните медиуми, неколку лица се повредени, а итната помош ги префрли во болница.

Лондонската полиција соопшти дека група мажи испрскале неколку лица со „некаков вид спреј со бибер“, по што го напуштиле местото на настанот. Едно лице е уапсено под сомнение за напад, а истрагата продолжува за да се пронајдат останатите осомничени.

Полицијата и вооружените единици пребаруваа паркинг на аеродромот.

„Во оваа фаза, веруваме дека во инцидентот учествувала група луѓе кои се познаваат, а расправијата ескалираше и резултираше со повреди на неколку лица. Не го третираме овој инцидент како тероризам“, изјави полицискиот командант Питер Стивенс.

Инцидентот предизвика привремени прекини во работењето на метрото и железницата околу аеродромот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пораз за „светилникот на десницата“ – „Њујорк тајмс“ за резултатите од унгарските избори

ДЕСК

ТЕЖОК ПОРАЗ ЗА ВИКТОР ОРБАН: Призна пораз – резулатот е јасен, ПРОМЕНИТЕ СЕ СЛУЧУВААТ!

ДЕСК

Маѓар: Премиерот Виктор Орбан штотуку ни честиташе по телефон за нашата победа

ДЕСК