Соопштение на СДСМ:
Она што на сите им е одамна познато е дека Мицко, малиот Вучко, копира сè што прави негвоиот српскиот „стрико“ (татко од Будимпешта, стрико од Белград, сите му се во дијаспора) и неговата партија.
Тактиката што се покажа како катастрофална во Србија, почнува да се применува и во Македонија.
Вучиќ не можеше да одговори на барањата на студентите, бидејќи секој вистински одговор би значел апсолутен пораз за СНС и апсење на целата структура.
Што направи тој?! Создаде свои студенти. Студенти 2.0 и ги нарече „студенти кои сакаат да учат“. Најсмешното е што таа група ја сочинуваат најлошите во српското општество, без образование, со криминални досиеја. Тоа всушност откри кој стои зад СНС и од кого е составена партијата.
Бидејќи тоа не успеа, туку стана предмет на потсмев, направи „блокади против блокади“ (исто како Груевски кој правеше контра протести). Каков апсурд.
На крајот постави шаторска населба, денес познато како „Ќациленд“, во цела Европа и пошироко, како најголемата бесмислица користена за одржување власт. „Ќациленд“ го пополни со криминалци и тепачи, пред Народното собрание, како последна линија на одбрана на претседателството, односно неговата канцеларија. „Жив ѕид“ составен од најголемиот талог на општеството.
На овие „креативни решенија“ (сценарија) би им завиделе дури и Монти Пајтон – доколку немаа примеси на хорор!
Што прави кај нас ДПМНЕ?
Денес, по насловот на СДСМ „Децата на Орбан“, ВМРО-ДПМНЕ излегува со соопштение „Децата на Заев“.
СДСМ објавува соопштение во наведува дека „сè ова е старата приказна кога крадецот вели „држете го крадецот!“. Томовски се јавува и ги употребува истите зборови со денешното соопштение на СДСМ.
Ете, “креативниот„ тим на Вучиќ веќе работи и за ВМРО – ДПМНЕ.
Целта е да се обесмислат сите акции на Антикорупцискиот тим на СДСМ и да се спречи вистината да излезе во јавноста.
Но, за жал по ВМРО-ДПМНЕ – народот веќе гледа сè. Народот на Македонија не е слеп, а најмалку глуп. Ова сценарио одамна го видовме. Одамна го видовме и нивниот „патриотизам“ и наводната грижа за татковината.
Во рамки на нивната кампања, веќе утре може да очекуваме да направат АКТ 2.0, Бомби 3.0 и потоа – „Ќациленд“.
Со оглед дека планираат мигрантски центри, шаторска населба можат веднаш да го постават пред Владата.
Откако ја вратија оградата на Владата и се оградија од граѓаните, можат да ја направат својата, ВМРО-вска верзија на Ќациленд и да ги вселат мигрантите.
Со тоа, нивниот повторно поставен ѕид (ограда) би го засилиле со „жив мигрантски ѕид“.
Истите можат таму да ги забавуваат со музика, храна и пиење, по примерот на Белград.
Дневници да им плаќаат? Тоа нема да биде проблем.
Пари имаат. Ако имаат за „чистење“ 5,5 милиони евра од тендери, тогаш на сите им е јасно колку пари лежат во другите, уште поголеми проекти.
Дополнително, само Сашо Мијалков да им обезбеди неколку „црнокошуљаши “, по примерот на Србија, и ете го комплетното решение.
Тоа нивно шаторско населба, скопската верзија во нивната „патриотска“ варијанта, ќе го наречат „База“ по примерот на Скопје 2014, наместо лавови – шатори.
Следниот чекор, на станарите ќе им поделат пасоши (ќе им требаат гласови за пролет).
Важно е дека постојано ќе се удираат во гради со националистички приказни, со цел да го поделат општеството на „вистински“ Македонци и „предавници“.
Колку поголема поделба, толку подобро за нив и за зачувување на нивните фотелји.
Колку подолго се на власт, толку подалеку се од Идризово.
Затоа не сакаат европска Македонија, туку изолирана земја, црна точка на Европа.
Ова ќе го следат разни „патриотски“ решенија кои уште повеќе ќе ја оддалечат Македонија од ЕУ.
Наскоро следуваат нови Бомби, но не вашите, туку нашите, ВИСТИНАТА! Поврзаноста на ВМРО-ДПМНЕ со криминалните дејствија на српските лажни патриоти.
Првиот пат се обидовте Бомбите да ги прикажете како лажни, иако на почеток изгледаше дека ќе успеете, видовте, не помина!
Сега, уште помалку ќе помине.
Работата не е завршена!
Сите ќе одговарате!


