Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

ИЗМАМА СО МАГИЈА: Жена останала без пари и накит

На 06 декември 2025 година во 17:00 часот во Одделението за внатрешни работи Кочани, 62-годишна жена пријавила дека била измамена од две женски лица.

Според пријавата, во дворот од нејзината семејна куќа во едно село во кочанско, дошле две непознати жени кои ѝ кажале дека ѝ е направена магија. Тие ѝ понудиле „помош“, при што ѝ побарале пари и накит.

Откако оштетената им дала парични средства и личен накит, двете лица го напуштиле местото. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот и идентификација на сторителките.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК