Centar.mk
СВЕТ

Аеродромот во Цирих воведува нови 3Д скенери

Аеродромот во Цирих воведува нови 3Д скенери кои ќе овозможат патниците да поминуваат низ безбедносна контрола без да ги одвојуваат течностите и електронските уреди од рачниот багаж.

Првиот сет скенери ќе почне да работи во понеделник, а до летото ќе бидат инсталирани на сите контролни пунктови.

Новата технологија, вредна 36,4 милиони евра, може да открие цврсти и течни експлозиви и автоматски ги обележува сомнителните предмети на дигиталната силуета на патникот.

Додека не заврши инсталацијата на опремата, ограничувањето од 100 милилитри по пакување течности останува на сила, но по целосната замена на опремата, патниците ќе можат да носат шишиња до два литри.

Како дел од модернизацијата, аеродромот во Цирих воведува и нови скенери за тело, кои ги заменуваат повеќето рачни претреси./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Пожар во фабрика за автомобили во Јужна Кореја: бројот на жртви се зголемува

C +

Човекот на Трамп кој поднесе оставка поради Иран: На ​​клучните луѓе не им беше дозволено да зборуваат

C +

Кошта: Договорот е договор, никој не може да го уценува Европскиот совет

C +