Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Никаде го немало македонското знаме на прославата на Денот на албанското знаме, прекршочна постапка за Општина Струга

Полицијата поднесе барање за поведување прекршочна постапка против Општина Струга и уште едно физичко лице затоа што на денот на прославата на Денот на албанското знаме на бината, ниту на дел од кејот на Црн Дрим, не било истакнато македонското знаме.

„ОВР Струга поднесе барање за поведување прекршочна постапка против правното лице Општина Струга и против одговорното лице М. Ќ. (65) од струшкото село Биџево поради сторено дело спротивно на член 6, а казнивo по член 11 од Законот за употреба на знамињата на заедниците во РС Македонија“, соопшти МВР.

Пријавените, како организатори на настан по повод Денот на aлбанското знаме, што на 28.11.2025 се одржувал на улицата Маршал Тито во Струга, покрај знамето на заедниците, ниту на бината ниту на дел од кејот на реката Црн Дрим не го истакнале и не го поставиле државното знаме на РС Македонија, што, според законот, биле обврзани да го направат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК