Centar.mk
БИЗНИС

Халкбанк со донација на компјутерска опремаја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Со донација на нова компјутерска опрема за учениците одДУЦОР „Партенија Зографскиво Скопје, Халкбанк АД Скопје реализираше активност насочена кон унапредувањена наставата и поддршка на децата со посебни образовнипотреби. Опремата е наменета за полесен пристап додигитални едукативни содржини, интерактивни програми и современи алатки што го поттикнуваат индивидуалниотразвој.

Донацијата беше предадена во просториите на училиштето, во присуство на претставници на Халкбанк и претседателот на СОНК, што дополнително ја нагласи важноста на заедничката поддршка за унапредување на образовниот процес. Присутните имаа можност да се запознаат со секојдневните предизвици и потреби на учениците и наставниците, како и со значењето што новата опрема ќе го има во создавањето пофункционална и поинклузивна наставна средина.

Во Халкбанк веруваме дека секое дете заслужува еднакваможност да учи и да расте, а технологијата може дабиде клучниот елемент што ги отвора тие можности. Со оваа донација сакаме да придонесеме кон поинклузивноучилишно опкружување и да им дадеме поддршка на наставниците кои секојдневно работат со исклучителна посветеност. Нашата соработка ќе продолжи и во 2026 година, затоа што вложувањето во развојот на младитее вложување во заедничката иднинаистакнуваат од Банката.

Халкбанк останува посветена на иницијативи што создаваатдолгорочна општествена вредност и реално ја унапредуваатзаедницата. Преку ваквите проекти, Банката продолжува дагради средина во која секое дете ќе има услови данапредува, да добие поддршка и да ја почувствува важностана својот потенцијал.

Можеби ќе ве интересира

Новогодишни пакетчиња за деца преку програмата Magenta Moments на Македонски Телеком

ДЕСК

Нова веб-апликација на Народната банка за полесно споредување на банкарските кредити и депозити

ДЕСК

ТИТАН Усје: Нападот врз компанијата е неоснован, работиме согласно сите стандарди и не ги надминуваме законски дозволените лимити

ДЕСК