Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Кујната за лаги во Белата палата со истите рецепти на Груевски ги брани криминални шеми на ДПМНЕ за ИПАРД

Соопштение на СДСМ:

Кујната за лаги во Белата палата со истите рецепти на Никола Груевски ги брани криминалните шеми на владата на Мицкоски и ДПМНЕ.

Тоа се рецептите за спинување, извртување на вистината и интензивно лажење, додека се краде народот на големо преку наместени тендери.

Чиста лага е дека во време на СДСМ имало некакви злоупотреби на ИПАРД програмите ниту пак дека незаконски се набавувала пченица.

Ама криминалците од ДПМНЕ се фатени живи како крадат, не само македонски туку и европски пари. Затоа посегнаа по рецептот на Груевски, други да обвинуваат за нивниот криминал.

Скандалот со злоупотребите на ИПАРД средствата е оваа година и води директно до Трипуновски и кумовските врски на Мицкоски.

Скандалот со 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, исто така води до врвот на власта на Мицкоски.

Граѓаните не се слепи, гледаат и знаат се. Ова се истите шеми на Никола Груевски и Сашо Мијаков со кои се испумпаа 2 милијарди евра пари на граѓаните.

Исти ликови исти шеми. Иста банда на ДПМНЕ!

Нема да застанеме. СДСМ ја започна борбата против корупцијата и криминалот на власта и продолжуваме. Новите бомби се спремни.

Работата се уште не е завршена.

Можеби ќе ве интересира

Тошковски го откри одговорот што сите го очекувавме – Колкав ќе биде прагот на толеранција за казнување преку камерите “Сејф сити”

ДЕСК

ПРВО ДОЖДЛИВО И СНЕЖНО ВРЕМЕ, А ПОТОА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ ОКОВАНА ОД СТУД – Детална прогноза за она што не’ чека следните 4 дена

ДЕСК

Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

ДЕСК