Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Како да го намалиме загадувањето оваа зима? Препораки од надлежните служби

Соопштение на Град Скопје:

Ве известуваме дека Секторот за заштита на животната средина како надлежен сектор во врска со предлагањето мерки и активности за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, согласно со акционите планови за воздух а во пресрет на зимската сезона и на очекуваните епизоди со зголемено загадување на воздухот, ги предлага следниве препораки:

– редовно чистење на оџаците од домовите и одржување на грејните тела;
– за затоплување на домовите да не се користат отпадни материјали, прегорено машинско масло, лакирани и обоени отпадоци од дрво, стиропор, ПЕТ амбалажа, гуми или каков бил синтетички материјал;
– да се користи суво и чисто дрво за затоплување, без примеси од земја и отпадоци;
– печките на дрво да се користат и одржуваат според упатствата на производителот;
– редовен сервис на котли, печки и клима уреди за ефикасно согорување и помалку емисии на штетни материи.

Градот Скопје ги известува граѓаните дека во периодот што е пред нас ќе следат засилени инспекциски контроли на сите постројки кои поседуваат елаборати за заштита на животната средина или Б-интегрирани еколошки дозволи, а особено внимание ќе се посвети на откривање и спречување на спалувањето отпад.

Можеби ќе ве интересира

Саем на книга ќе се одржи од 23 до 29 април 2026, под слоган “Отвори прозорец кон нови светови”

ДЕСК

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК