Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Адем Чучуљ ја презеде претседателската функција на Антикорупциска

Новиот претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Тој најави дека заедно со неговиот тим ќе бара интегритет, одговорност и транспарентност од сите институции.

„За мене претставува, пред сѐ, чест да бидам претседател на институцијата од која потекнувам, во која израснав како професионалец. Истовремено е голема одговорност, имајќи ги предвид предизвиците со кои се соочува и Комисијата и државата на полето на борбата против корупцијата. Во таа насока како претседател на ДКСК ќе се залагам за транспарентна работа на институцијата, но и како тим ќе бараме одговорност и транспарентност од сите институции“, изјави Чучуљ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите излегоа со прогноза – Значителна промена на времето, подгответе се за дожд, а деновиве и снег

ДЕСК

Инцидент во центарот на Скопје – физички нападнат скопјанец

ДЕСК

Стружанка илегално изградила семејна куќа во Трпејца – ем заработи кривична, ем ќе и’ ја срушат куќата до темел

ДЕСК