Centar.mk
фото град Скопје
ЛОКАЛНО

Ѓорѓиевски учествуваше на втората седница на Советот за реформи во јавната администрација

На покана на Премиерот на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес учествуваше на втората седница на Советот за реформи во јавната администрација.

На состанокот беше истакната потребата од иницирање длабоки и суштински реформи во функционирањето на институциите, со цел создавање современа, ефикасна и европска јавна администрација која работи во служба на граѓаните.

Изјавата на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски Ви ја пренесуваме во целoст:

На покана на Премиерот на Република Македонија, проф. д-р Христијан Мицкоски, денес присуствував на втората седница на Советот за реформи во јавната администрација – двигателот на длабоки и суштински промени во функционирањето на државните институции.

Цврсто верувам дека Македонија може да оди напред само ако администрацијата работи побрзо, поефикасно и професионално.
Институциите мора да комуницираат меѓусебно и да работат беспрекорно и со целосна одговорност.

Новиот реформски пристап е јасно дефиниран и се темели на четири клучни принципи, како што се дигитализацијата како основен стандард во секоја институција, професионална и отчетна администрација, рационализација на процесите со значително намалување на бирократијата и целосна усогласеност со европските стандарди и практики.

Ова е визија за држава во која системот конечно работи за граѓанинот.
Со решителност и јасна насока, уверен сум дека можеме да станеме пример за функционална и европска јавна администрација.

Можеби ќе ве интересира

Апел од СВР Струмица: Не палете стрништа – закана од пожари!

ДЕСК

Стапува во примена нов возен ред за дел од линиите во рамки на единствената мрежа на линии во градот Скопје

ДЕСК

Орце Ѓорѓиевски донира реквизити за сензорна соба во градинка

ДЕСК