Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во вечерашното интервју во емисијата „Директно“, на телевизија Телма, истакна дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во тоа што СДСМ секогаш била на државничката страна за европска и интегрирана Македонија, додека ВМРО-ДПМНЕ ја турка државата во изолација. Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ најмалку има право да зборува за патриотизам, бидејќи водејќи националистичка кампања, ширеа лажен патриотизам, а се што ветија, излажаа.
„На бранот на таа силна националистичка кампања дека ние сме некакви предавници, а тие силни патриоти што ќе го враќале името и ќе обезбеделе подобри услови за преговори — што направија? Ништо. Се излажаа. И што се случи? Ја запреа земјата во процесот на евроинтеграција. Дали сме ние поголеми предавници затоа што сакаме Македонија интегрирана во Европа и богата благодарение на европските фондови, наспроти ВМРО-ДПМНЕ која ја сака изолирана и сиромашна, како што ја држи, со секојдневни проблеми за граѓаните“, нагласи Филипче.
Во интервјуто Филипче посочи дека нема попатриотски документ од резолуцијата за црвените линии за продолжување на процесот членство во ЕУ која што ја подготви СДСМ, а за која ниту една од политичките партии вклучувајќи ја и владејачката ВМРО-ДПМНЕ, не дадоа повратен одговор.
„Резолуцијата беше поднесена како работна верзија до сите политички партии од коишто патем од ниту една партија немаме добиено конкретен одговор што и како на планираат во однос на евроинтегративниот пат. Па зар има по патриотски документот од којшто заедно стоиме зад црвените линии и тоа им е дадено на партиите во работна верзија со цел да го слушнеме нивното мислење. Зошто нема повратен одговор од ВМРО-ДПМНЕ, еве поминаа изборите, еве ние не знаеме што се случува со евроинтегративниот пат“, рече Филипче.
Тој додаде дека благодарение на политиките на СДСМ, Македонија стана членка на НАТО.
„За време на последните мандати на владеење на СДСМ се решија големи крупни прашања. Се подготви Преспанскиот договор, станавме членка НАТО, имаме безбедни граници“, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


