Centar.mk
фото скриншот/видео на МВР
МАКЕДОНИЈА

Полицијата “упадна” во угостителски објект во Свети Николе, затекнати 26 малолетници после 24:00 часот, од нив 14 под дејство на алкохол

На 30.11.2025 во 00.10 часот, полициски службеници од СВР Штип – ОВР Свети Николе, во содејство со инспектори од Дирекција за заштита и спасување, Државен пазарен инспекторат, Управа за јавни приходи, Државен трудов инспекторат и Центар за социјални работи, извршија контрола во угостителски објект во Свети Николе.

При контролата, во угостителскиот објект се затекнати 26 малолетни лица после 24:00 часот, од кои 14 беа под дејство на алкохол.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави против одговорните лица. Воедно, од другите ангажирани инспекциски служби утврдени се низа прекршоци за кои ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

АГРЕСИВНО СЕ ОДНЕСУВАЛ КОН СВОЈАТА 72-ГОДИШНА МАЈКА – Приведен маж во Гевгелија

ДЕСК

БЕГАЛ ОД ПОЛИЦИЈАТА, МУ ИСПАДНАЛ ПИШТОЛ СО МУНИЦИЈА – Кривични пријави против двајца жители на тетовско Гајре

ДЕСК

ШЕСТМИНА ПРИВЕДЕНИ НА ПАТИШТАТА НИЗ МАКЕДОНИЈА – Возеле со забрана, под дејство на алкохол или без возачки испит

ДЕСК