Centar.mk
фото МВР
-МАКЕДОНИЈА

ШЕСТМИНА ПРИВЕДЕНИ НА ПАТИШТАТА НИЗ МАКЕДОНИЈА – Возеле со забрана, под дејство на алкохол или без возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода шест лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, три лица управувале патнички возила со активна мерка забрана за управување моторно возило, и тоа: лица на возраст од 35 години од Кичево, 58 години од с. Чичево, општина Градско, и 42 години од с. Стајковци, скопско.

Две лица управувале возило под дејство на алкохол, и тоа 40-годишен жител на Прилеп и 74-годишен жител на Радовиш.

Без положен возачки испит возел 30-годишен жител на с. Морани, општина Студеничани.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Можеби ќе ве интересира

„ЛАНДРОВЕР“ ОД 830.250 ДЕНАРИ ПЛАТЕН СО ФАЛСИФИКУВАН НАЛОГ, СПОРЕД МВР – Кривична пријава против 37-годишник

ДЕСК

49-ГОДИШНА ЖЕНА ОД ШТИП ПРИЈАВИЛА ЗАКАНИ ОД ПАРТНЕРОТ – Известен јавен обвинител

ДЕСК

МАРИХУАНА ПРОНАЈДЕНА КАЈ 17-ГОДИШЕН МАЛОЛЕТНИК ВО КИЧЕВСКО – Поднесена кривична пријава

ДЕСК