Centar.mk
СВЕТ

Преговорите со САД за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија ќе почнат наскоро, вели Зеленски

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на преговорите со Соединетите Американски Држави за мировниот план за прекин на конфликтот со Русија, кои, како што наведе, наскоро ќе започнат, земјата ќе ја претставуваат началникот на Генералштабот на вооружените сили на Украина, Андреј Гнатов и секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана Рустем Умеров.

Во синоќешното видео обраќање, Зеленски рече дека претставници на Министерството за надворешни работи и украинската разузнавачка служба ќе бидат меѓу членовите на украинската делегација, пренесува „Униан“.

Тој додаде дека во моментов се во тек подготовки за состанок со американската страна.

„Преговорите наскоро ќе започнат, а наши претставници ќе бидат таму – началникот на Генералштабот, претставници на Министерството за надворешни работи, секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана и нашата разузнавачка служба. Состаноци со американската страна ќе се одржат во блиска иднина“, нагласи Зеленски.

Украинската делегација досега ја предводеше Андриј Јермак, кој вчера поднесе оставка од функцијата шеф на претседателскиот кабинет./Извор:Makfax

Гледај го бонус видеото и следи нè на YouTube за вакви содржини секој ден

Можеби ќе ве интересира

Трамп објави фотографија на која пишува дека е претседател на Венецуела

C +

Генералниот секретар на ОН: Шокиран сум од насилството и прекумерната употреба на сила од страна на иранските власти

C +

Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“

C +