Centar.mk
СВЕТ

Еден загинат и 11 повредени во руски напад со дронови врз Киев, меѓу нив и дете

Најмалку едно лице загина синоќа, а 11 се повредени во руски напад со дронови врз Киев, соопштија градските власти.

Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека меѓу повредените е тринаесетгодишно момче.

Воената администрација на Киев ги предупреди жителите и на заканата од напад со балистички ракети и ги повика да останат во затворен простор.

Шефот на воената администрација на Кијева, Тимур Ткаченко изјави дека еден човек загинал во нападот, како и дека бројот на повредени не е конечен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шпанскиот премиер остро го критикуваше Нетанјаху

C +

Њујорчани протестираат против израелските воздушни напади врз Либан и Иран

C +

Поранешен амбасадор на САД во НАТО: Војната со Иран е стратешка грешка од историски размери

C +