Centar.mk
СВЕТ

Без струја останаа повеќе од 600.000 луѓе по руските напади во Украина

Повеќе од 600.000 луѓе останаа без електрична енергија во Украина по руските напади со ракети и беспилотни летала, соопшти украинското Министерство за енергетика.

„Како резултат на нападите, повеќе од 500.000 потрошувачи во Киев и повеќе од 100.000 потрошувачи во неговиот регион останаа утринава без електрична енергија“, наведе Министерството.

Како што беше додадено, речиси 8.000 луѓе во регионот на Харков останаа без електрична енергија. Нападите започнаа синоќа и продолжија утрово./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕСКАЛАЦИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Нападите меѓу САД, Израел и Иран се интензивираат

ДЕСК

Позната инфлуенсерка пронајдена мртва во стан

ДЕСК

Трамп го нападна НАТО, британски дипломат му возврати: „Целосно погрешно го разбира“

C +