Centar.mk
СВЕТ

Шумите се сечат, а со тоа расте бројот на загрозени африкански шумски слонови

Проценетиот број на шумски слонови во Африка, кои се многу загрозени од ловокрадство, е ревидиран нагоре благодарение на подоброто евидентирање, соопшти Меѓународната унија за заштита на природата (IUCN).

Унијата го проценува нивниот број на 135.960, што е за 16 отсто повеќе од последните податоци од 2016 година.

– Ажурираниот број за африканските шумски слонови не треба да се толкува како пораст на популацијата, туку како резултат на подобра покриеност со пописот, овозможена со методи засновани на ДНК, рече Роб Слотов од IUCN, зоолог специјализиран за овој животински вид.

Популацијата на шумски слонови нагло опаднала „за повеќе од 86 отсто во последните 30-тина години до 2015 година, првенствено поради ловокрадството и губењето на живеалиштето“, наведе IUCN.

Се чини дека овие животни денес се нешто подобро заштитени бидејќи ловокрадството поради слоновата коска, особено по 2018-2019 година, изгледа е намалено, вели меѓународната организација.

Се наведува дека шумските слонови забрзано остануваат без живеалиште бидејќи шумите се сечат и се претвораат во земјоделско земјиште./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК