Centar.mk
СВЕТ

Три лица затрупани во лавина на глечер во Австрија

Лавина го погоди глечерот Штубај во австриски Тирол утрово, а три лица се затрупани, објави Кронен Цајтунг.

Започната е спасувачка операција.

Според Рајнхард Клир, раководител на жичарницата на глечерот, несреќата се случила во зоната надвор од пистата, во близина на превојот Дауншарте околу 9:30 часот утрово.

„Врз основа на моменталните информации, снежните маси делумно стигнале до долниот дел од деветтата патека, која потоа била затворена“, рече Клир.

Двајца делумно затрупани скијачи веќе се спасени.

Забележано е дека неколку скијачи надвор од пистата отвориле воздушни перничиња за лавина.

На терен има неколку хеликоптери за итни случаи, вклучувајќи ги „Алпин 2“, „Мартин 2“ и „Либеле Тирол“, како и екипи за планинско спасување од Нојштифт им Штубај и Зелден со кучиња трагачи, пренесува Танјуг./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Масовни протести и исклучен интернет во Иран, Хамнеи со остар говор: „Ги уништуваат сопствените улици за да го усреќат Трамп“

C +

По руските удари, Зеленски повторно бара повеќе противвоздушна одбрана

C +

Трагедија во Турција: куп снег падна од покрив и усмрти 21-годишна девојка, несреќата снимена од безбедносни камери

C +