Centar.mk
СВЕТ

Советникот на Трамп ќе се сретне со Путин следната недела

Советникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, кој зборуваше за државната телевизија во Русија, изјави дека е постигнат прелиминарен договор специјалниот претставник на САД Стив Виткоф да ја посети Москва следната недела.

Ушаков додаде дека некои претставници на американската администрација ќе му се придружат.

Ова доаѓа откако американскиот претседател Доналд Трамп синоќа објави на социјалните мрежи дека „останале само неколку преостанати спорни точки“.

„Му наложив на мојот специјален претставник, Стив Виткоф, да се сретне со претседателот Путин во Москва“, рече тој.

„Во исто време, секретарот на армијата Ден Дрискол ќе се сретне со Украинците“.

Виткоф ја посети Москва неколку пати оваа година на разговори со Владимир Путин, а последен пат беше таму во август./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ТРАМП ЈА НОМИНИРАШЕ КРИСТИ МЕККОРМИК ЗА АМБАСАДОР ВО МАКЕДОНИЈА – Предлогот е испратен до американскиот Сенат

ДЕСК

ПОПУСТ ОД ЕДНА ТРЕТИНА НА ВОЗНИТЕ КАРТИ – Британија предлага законска заштита за ветераните и воениот персонал

ДЕСК

3,5 МИЛИЈАРДИ ЛУЃЕ ЖИВЕАТ ВО КЛИМАТСКИ РАНЛИВИ ОБЛАСТИ – СЗО со нова иницијатива на COP31

ДЕСК