Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Фото) Ѓорѓиевски: Кејот на Вардар ќе се чисти секојдневно, скопјани заслужуваат убава, уредена и чиста метропола

Во рамки на тековните активности за уредување на јавните површини и подобрување на хигиената во градот, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја информира јавноста за интензивното чистење и одржување на кејот на реката Вардар.

„Континуирано се врши темелно чистење на кејот на реката Вардар, заедно со нејзиното корито. Екипите на јавните претпријатија во координирана и организирана акција, ги расчистуваат пешачките и велосипедските патеки – сè она што со години беше занемарено и што создаваше слика недолична за нашиот град, конечно станува дел од минатото.

Ова одржување ќе биде трајна практика. Кејот ќе се чисти секојдневно, бидејќи скопјани и сите гости на нашиот град заслужуваат убава, уредена и чиста метропола. Вардар, скопскиот бисер, повторно ќе го носи својот сјај, онаков каков што му доликува“, напиша Ѓорѓиевски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ВЛАЖЕН БРАН ЌЕ ЈА ПОГОДИ МАКЕДОНИЈА, ЌЕ ДУВА И СИЛЕН ВЕТЕР: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Грабеж во центарот на Скопје: Малолетно девојче ограбено на автобуска постојка во најголемите гужви, арамија и’ го зело телефонот

ДЕСК

Серија физички пресметки низ угостителски и други места низ Скопје – во еден случај маж бил удиран со кундак од пиштол

ДЕСК