Најмалку девет деца и една жена беа убиени откако пакистанските сили ја бомбардираа куќата на локален жител во авганистанската покраина Хост, изјави портпаролот на авганистанските талибанци, Забихулах Муџахид.
Судирите продолжуваат откако талибанците се вратија на власт
Муџахид рече дека Пакистан извршил напади и во покраините Кунар и Пактика, при што биле повредени цивили. Нападот се случил еден ден откако во двоен самоубиствен напад загинаа тројца паравоени војници во Пешавар, Пакистан.
Пакистанските и авганистанските сили се судрија во октомври, што е најлошото насилство откако талибанците се вратија на власт во Авганистан во 2021 година. Во нападите загинаа десетици луѓе.
Страните потпишаа прекин на огнот во Доха во октомври, но мировните преговори во Турција пропаднаа поради несогласувања околу антипакистанските паравоени групи што дејствуваат во Авганистан./Извор:Makfax
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


