Centar.mk
СВЕТ

Џакарта забранува продажба на месо од мачки, кучиња и лилјаци

Гувернерот на Џакарта, Прамоно Анунг, донесе одлука за забрана на продажба на месо од мачки, кучиња и лилјаци на територијата на индонезискиот главен град, наведувајќи го високиот ризик од ширење на беснило и други санитарни причини.

Одлуката подразбира целосно отстранување на суровото месо и преработените производи од пазарот. Локалните власти нагласуваат дека ова е мерка што треба да придонесе за заштита на јавното здравје.

Гувернерот Анунг изрази надеж дека оваа забрана ќе ја подобри санитарната безбедност во градот и ќе спречи потенцијални епидемиолошки ризици во густо населената метропола./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Позната инфлуенсерка пронајдена мртва во стан

ДЕСК

Трамп го нападна НАТО, британски дипломат му возврати: „Целосно погрешно го разбира“

C +

Зеленски предупредува: Блискиот Исток ќе ја остави Украина без ракети

C +