Centar.mk
СВЕТ

Тридневен национален штрајк во Белгија: нема да работат јавниот превоз, железниците, градинките, училиштата, болниците

Во Белгија денес започнува тридневен национален штрајк против социо-економските реформи на владата, која е решена да ги зголеми напорите за обновување на јавните финансии.

Штрајкот ќе биде во три фази, а јавниот превоз и железницата денес штрајкуваат, со ограничувања и откажувања на неколку линии. Утре се очекува штрајк во јавните служби, кој вклучува градинки, училишта, владини канцеларии и болници, додека национален штрајк е планиран за среда.

Доцна синоќа, владата постигна договор со премиерот Барт де Вевер за повеќегодишен план за буџетски заштеди.

Договорот го зголемува нивото на штедење во споредба со она што владејачката коалиција го планираше за почетокот на 2025 година и вклучува некои нови извори на приходи, особено преку удвојување на даноците на сметките за хартии од вредност и зголемување на ДДВ за одредени производи.

Оваа акција ја иницираа трите главни белгиски синдикати, кои се во борба за власт со централно-десничарската влада предводена од Вевер, пренесуваат медиумите во регионот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Трамп му нареди на Пентагон да ги објави сите документи за НЛО и вонземјани

C +

Финскиот претседател: САД не можат да ни забранат да се бориме против Русија

C +

Не е Шведска ниту Норвешка: ова е најдобрата земја во светот за живеење со семејство

C +