Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска, оствари средба со Делегација од Кралството Шпанија составена од Наталиа Усеро Перез, Хан Помес Лопез и Лукас Кастило Родригес, членови на Комисијата за надворешна политика на Сенатот.
Откако претседателот Гаши им посака добродојде на ценетите гости, тој го изрази своето убедување дека ова посета ќе биде почеток на една плодна соработка помеѓу двата пријателски парламента и земји. Потоа, тој изрази благодарност за поддршката на Шпанија на процесот на интеграција на нашата земја во Европската Унија и објаснувајќи ја сензибилноста на ситуацијата со бараните промени на Уставот, изрази надеж дека гостите од Шпанија ќе имат разбирање и ќе помогнат во совладување на последните пречки за одпочнување на преговорите со Унијата.
Соговорнуците од Сенатот на Шпанија објаснија дека и тие доаѓат од една мултинационална држава и дека ја разбираат сензибилноста на прашањето но почнувајќи од нивното искуство од патот на Шпанија во Европската Унија потврдија дека компромисите, иако се тешки одлуки тие на подолг рок ги решаваат проблемите и придонесуваат за мир и развој.
На крајот на средбата, соговорниците изразија желба посетата да биде успешна и соработката да се продолжи понатаму во заемна полза на двете страни.
ПОПУЛАРНО НА ИНТЕРНЕТ...


