Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски преку Гаши се обидува да ја минира Анкетната комисија за Кочани

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски преку Африм Гаши го минира формирањето на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, што е барање на семејствата на загинатите и повредените.

Очигледно, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината за Кочани па затоа се измислуваат некакви деловнички изговори.

Поднесената иницијатива на пратениците на СДСМ е цлеосно согласно Деловникот кој дава можности да се утврди бројот на членови и делокугрот за работа, на самата седница на којашто ќе се одлучува по одлуката за формирање на Анкетната комисија да се утврдат членовите и составот на анкетната комисија.

Гаши им купи две недели на Мицкоски и ДПМНЕ но треба да знае дека нема бегање од вистината и од правдата.

СДСМ ќе ги искористи сите законски и Деловнички механизми и повторно ќе поднесеме нова иницијатива. Нема да дозволиме да успее обидот на власта по секоја цена да ја спречи формирањето ниту пак работата на Анектната комисија за Кочани.

Граѓаните, семејствата, јавноста треба да ја дознааат и ќе ја дознаат целата вистина за Кочани, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот, кои биле институционалните пропусти, какви се прекршувањата на законските одредби, како и тоа кој треба да понесе политичката одговорност.

Можеби ќе ве интересира

Инженерството e темел на државата – Божиновска со силна порака на Денот на македонските инженери

ДЕСК

До 1 септември ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ во Кисела Вода ќе добие нова спортска сала

ДЕСК

Започна официјалната посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

ДЕСК