Centar.mk
СВЕТ

Поплавите во Малезија погодија 11.000 луѓе

Повеќе од 11.000 луѓе во седум малезиски сојузни држави се погодени од поплави предизвикани од обилни дождови, соопшти денес националната агенција за катастрофи.

Поплавите се чести на источниот брег на Малезија за време на сезоната на монсуни, која трае од октомври до март, и тие раселуваат илјадници луѓе секоја година.

Националната агенција за катастрофи соопшти дека поплавите раселиле повеќе од 11.000 луѓе, или речиси 4.000 семејства, од седум држави.

Североисточната држава Келантан, која се граничи со Тајланд, е најтешко погодена, со повеќе од 8.000 погодени луѓе. Не се пријавени смртни случаи.

Шеесет привремени засолништа се поставени во погодените држави, соопшти агенцијата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Европската комисија предлага нов пакет санкции против Русија

C +

Европската комисија бара промени на „Тик-ток“: „Предизвикува зависност, особено кај децата“

C +

Трамп: Време е да се свртиме кон други теми по Епстин

ДЕСК