Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Почина Проф. д-р Илија Џонов

– Со голема тага се збогуваме со човекот чии придонес, мудрост и достоинствена посветеност оставија трага што ќе се памети.

Проф. д-р Илија Џонов (роден 24 ноември 1943 во Штип) — македонски невропсихијатар, редовен професор, поранешен директор на Клиниката за нервни и душевни болести во Скопје, декан на Медицинскиот факултет Скопје два мандата и поранешен директор на Клиничкиот центар Скопје. Добитник е на Наградата „13 Ноември“ на Град Скопје во 2010 година, се вели во информацијата која ја објави Алкалоид како последен поздрав од колективот на компанијата за почитуваниот Проф. д-р Илија Џонов.

Проф. д-р Илија Џонов беше член на Надзорниот одбор на компанијата од 1998 до 2023 година.

Неговиот професионален ангажман, знаење и човечност ќе останат пример за сите нас.

Нека почива во мир.

Искрено сочувство до семејството, се вели во објавата на Алкалоид АД Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на отворање на Домот на културата „11 Октомври“ во Гази Баба

ДЕСК

Сиљановска-Давкова – Милатовиќ: Заедничка визија ни е стабилен и просперитетен регион, интегриран во Европската Унија

ДЕСК

УДИРА СИЛЕН ЦИКЛОН: Дожд, снег и засилен ветер низ Македонија – прогноза за следните 4 дена

ДЕСК