Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Вонредна информација за обилните врнежи – состојба до 13:00 часот, 22.11.2025

Според известувањата од сите регионални центри за управување со кризи (РЦУК), состојбата со водостоите на реките на територијата на Република Северна Македонија е стабилна:

• Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките. Реката Пчиња бележи намалување на нивото.
• Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема поплавени куќи, а водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен, но под контрола.
• Во Охрид се регистрирани поплавени подруми и дворови во помал обем, но по престанокот на врнежите состојбата се смирува. Екипите работат на расчистување на каналите и коритата.
• Во Битола и Ресен нема нови излевања, реките се во своите корита, а теренските екипи продолжуваат со расчистување на мостови и пропусти.
• Во Скопје, Струмица, Штип, Велес, Тетово и северозападниот регион состојбата е стабилна, без излевање на реките, а ситните одрони се отстрануваат од страна на надлежните служби.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК