Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Среќна слава Света Петка – Преподобна Матрона Цариградска

Вечерва се чека слава, а утре се празнува празникот Преподобна Матрона Цариградска – позната како Света Петка.

Житие: Преподобна Матрона Цариградска

Од Пергија Памфилиска. Брзо ? се смачи бракот со некој цариградски големец Дометијан, па побегна, се преоблече во машка облека и под името Вавила стапи во машкиот манастир на Св. Васијан во Цариград. Но бидејќи мажот ? непрестајно трагаше по неа, таа беше принудена да смени многу места, како Емеса, Синај, Еусалим, Бејрут и најпосле повторно дојде во Цариград. Се замонаши кога имаше дваесет и пет години, а се подвизуваше седумдесет и пет години. Живееше вкупно сто години и кога се упокои беше игуманија на еден манастир во Цариград. Мирно почина и се пресели во радоста на својот Господ, во 492 година.

Тропар
Великото име Божјо, твоето срце го прими о, Матроно преподобна мајко наша, поуки и сведоштва за животот подвижнички оставајќи ни, Христос те всели во небесните одаи, од таму моли се за оние кои од твојот пример, поучени го празнуваат твојот свет спомен, и Бога Го прославуваат во вечни векови.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК