Centar.mk
РЕГИОН

Косово оди на нови избори по неуспехот да формира влада

Косово ќе оди на вонредни парламентарни избори на 28 декември 2025 година, објави претседателката Вјоса Османи, откога пропаднаа обидите во Собранието да се обезбеди мнозинство за да бидат донесени многубројни клучни акти, меѓу кои и буџетот за 2026 година.

Османи го избрала подоцнежниот датум поради технички барања и очекувањата за поголем одѕив.

Таа изрази жалење што граѓаните повторно одат на избори, но нагласи дека тоа е резултат на политичките актери, кои од февруари не успеале да формираат влада.

Земјата западна во политичка криза по парламентарните избори одржани на 9 февруари 2025 година кога ниедна од партиите не освои мнозинство од 61 глас во 120-члениот парламент.
/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ОД ДЕНЕСКА НОВИ ОБВРСКИ ЗА ВОЗАЧИТЕ ВО ЦРНА ГОРА – Казни до 1.000 евра за непочитување на зимските правила

ДЕСК

ПРЕД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА – Повик против дискриминацијата и говорот на омраза во Црна Гора

ДЕСК

ПОРОДИЛИШТЕТО ВО НИКШИЌ ПРЕД РЕКОНСТРУКЦИЈА – Најавена нова медицинска опрема, болницата се соочува со недостиг на лекари

ДЕСК