Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Каква е состојбата на патиштата?

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

НАИЗМЕНИЧЕН СООБРАЌАЈ: На ден 21.11.2025 год во 09:10ч пријавено е дека на патниот правец Охрид-Св. Наум после хотел Метропол на самиот коловоз имало голем камен кој претставува опасност по учесниците во сообрајќајот, во моментов проодна е една коловозна лента од правец од Охрид према Св. Наум.

НОРМАЛИЗИРАН СООБРАЌАЈ: На 21.11.2025 година во 07:05 чaсот сообраќајот на рег.пат Охрид –Св. Наум е пуштен по двете коловозни ленти.

ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 година е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО, ДОАЃА ДОЖД И ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски: Немаат кредибилитет од СДСМ да зборуваат за минимална плата, кога тие беа власт станаа познати по корупцијата и криминалот

ДЕСК

Мицкоски: Минатата година ја завршивме во првите 5 во Европа по процентот на растот на БДП, во време на СДСМ бевме последни

ДЕСК