Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Дрекслер: Иднината на Македонија и Западен Балкан ја гледаме во ЕУ

Германската амбасадорка во Македонија Петра Дрекслер во интервју за 360 степени го повтори ставот дека интеграцијата на Македонија во ЕУ е надворешнополитички приоритет за Германија.

Тоа, според неа било докажано и со последната посета на германскиот министер за надворешни работи. Јохан Вадефул на Македонија и земјите од регионот.

„Со посетата на шесте земји од Западен Балкан, министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул, испрати многу јасна порака: овој регион за Германија има надворешнополитички приоритет. Иднината на Западен Балкан ја гледаме во ЕУ. Министерот за надворешни работи Вадефул и тука, во Скопје, нагласи уште еднаш дека за нас клучот на патот кој води натаму е во решителното спроведување на реформите. Германија и понатаму ќе дава поддршка на натамошниот пат, и да, оваа перспектива за пристап е реална“ рече амбасадорката.

Според Дрекслер интеграцијата на Македонија во ЕУ е поврзана со добрососедските односи со Бугарија и исполнување на условите од европскиот предлог, односно внесување на бугарското малцинство во Уставот.

Можеби ќе ве интересира

“Паднаа” полицајци во раце на полицијата – заедно со адвокат осомничени за попуречување на правдата

ДЕСК

Гореше автомобил со скопски таблички на 34 годишна скопјанка

ДЕСК

СДСМ разоткрива системско ширење лажни вести од страна на властите

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.