Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Започнува собирањето потписи за независни кандидати за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа

Утре, на 21 ноември 2025 година започнува постапката за собирање на потписи за кандидирање на независни кандидати за градоначалници на општините Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа. Собирањето на потписите ќе се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар, секој работен ден во периодот на редовното работно време од 8:30 до 16:30 часот, а последниот ден (30 ноември 2025) до 24:00 часот.

Подрачно одделение на Државна изборна комисја – Гостивар е надлежно за собирање потписи за градоначалник на општините Гостивар, Маврово и Ростуше и Врапчиште а канцеларијата на Државна изборна комисија – Дебар е надлежна за собирање на потписи за градоначалник на општина Центар Жупа.

Постапката на собирање на потписи за независни кандидати за градоначалници на овие четири општини завршува на 30 ноември 2025 година во 24 часот.

Повторените избори за градоначалници на Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуше и Центар Жупа се одржуваат поради непостигнат цензус на Локалните избори кои се одржаа на 19 октомври 2025 година поради што во овие општини не се избраа градоначалници.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕА, ФОТО) СПОРЕДБА: ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И ДЕНЕС – Дали Преспанското има шанси да се врати?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК