Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Владејачката партија ВМРО ДПМНЕ вечерва соопшти тажна вест: Филип, ќе ни недостасуваш – како човек, како соработник, како пријател

Владејачката ВМРО ДПМНЕ вечерва на социјалните мрежи се прости од својот сопартиец Филип:

– Тешко е да се најдат вистинските зборови да се простиш засекогаш кога ќе си замине млад човек што само со своето тивко присуство, посветеност и работна етика придонесе толку многу за организацијата. Денес се простуваме од наш сопартиец, пријател и човек кој беше пример за добрина, чесност и посветеност. Филип ќе остане запаметен по неговата искреност, неговата насмевка и начинот на кој секогаш знаеше да даде сила и кога самиот беше уморен.

Филип,
ќе ни недостасуваш – како човек, како соработник, како пријател.
Нека е вечна светлината во која замина, а споменот на тебе и твојот лик засекогаш ќе биде со нас.
Почивај во мир, напишаа на фејсбук од ВМРО ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

Напишал статус со говор на омраза на социјална мрежа, полицијата му затропа на врата

ДЕСК

Власта ја елиминираше Ристовска за да стави обвинител под контрола на Мицкоски, вели Кузеска

ДЕСК

Андоновски: Ќе потпишеме договор за прифаќање на електронските потписи меѓу Македонија и Црна Гора

ДЕСК