Centar.mk
фото Општина Битола
-ЛОКАЛНО

Кризниот штаб во Општина Битола со нови превентивни активности во пресрет на најавените врнежи

Во Општина Битола се одржа нова работна средба на Кризниот штаб, со која раководеше претседателот на Советот на општината, Бојан Бојкоски. На состанокот се вршеше координација и размена на информации со јавните претпријатија и другите институции, околу вчерашните преземени активности на терен, како и за активностите на дежурните екипи во текот на ноќта.

Екипите продолжуваат со континуирана работа и чистење на терен на сите критични локации со механизација, во пресрет на најавените врнежи од дожд за време на викендот.

На средбата присуствуваа директорите на јавните претпријатија, координаторите на советничките групи во Советот, претставници од ЈП Стрежево, Водостопанство, ЦУК, ДЗС, СВР, како и компании и градежни претпријатија кои во рамките на својата општествена одговорност, се ставени на располагање за навремено реагирање на терен со соодветна механизација и работна сила.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ПОЛИЦИЈАТА: Паднаа 8 лица во Скопје – запленети наркотици и муниција

ДЕСК

СДСМ: Доаѓа време за вистината за бизнис врските на Мицкоски и Орбан

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче огради се од криминалите на Заев, засукај ги ракавите и стави ја СДС на нозе која ја доведе на раб на исчезнување, засега немаш луксуз да си губиш време со избори во други држави

ДЕСК