Centar.mk
СВЕТ

Калас: „Без Киев и Брисел, нема план за мир во Украина“

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денес изјави дека секој план за ставање крај на војната во Украина ќе има потреба од поддршка од Киев и Брисел.

„Она што ние, како Европејци, отсекогаш сме го поддржувале е долготраен и праведен мир и ги поздравуваме сите напори за постигнување на ова. Секако, за да функционира секој план, потребни се Украинци и Европејци“, изјави Калас пред новинарите по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Според извештаите на американските медиуми, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела одобри план од 28 точки за мир меѓу Русија и Украина, кој високи претставници на администрацијата го развиваа во последните недели во консултација со рускиот претставник Кирил Дмитриев и украински претставници./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран ја отфрли понудата на САД за укинување на санкциите за нафта: „Жалимe – распродадена ни е“

C +

Иран го нападна аеродромот Бен Гуриoн во Тел Авив

C +

Зеленски: Војната на САД и Израел со Иран го одвлекува вниманието од Украина

C +