Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

До недела дожд, на повисоките планини и снег, најавуваат метеоролозите

До недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Утре и в сабота наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 литри на квадратен метар за 24 часа, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. В недела поради продор на постудена воздушна маса, на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.

В понеделник и во вторник утринските температури значително ќе опаднат.

Во Скопје до недела ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. В сабота во делови од котлината врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за ретки грмежи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК