Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески зеде учество на панел дискусија со наслов „Бизнис и Млади“ која се одржа во рамки на Саемот на бизниси од Пелагонискиот регион „ПЕЛО ФОРУМ 2025“ во Битола.
На панел-дискусијата претставници од здруженијата на млади, бизнис секторот, државни и локални институции дискутира за поголемо вклучување на младите во стопанските текови во Пелагонискиот регион, како и предизвиците со кои се соочуваат младите во влезот на пазарот на труд.
Заменик-министерот Ристески на панел дискусијата се осврна на активностите и проектите кои министерството за економија и труд ги спроведува за подобрување на условите за вработување на младите, развивање на нивните вештини и помаш за отворање на нивни сопствени бизниси.
– Главна мерка на министерство за економија и труд за подобрување на состојбата на младите лица на пазарот на труд е секако Оперативниот план за вработување, каде годинава издвоивме рекордни средства во износ од преку 10 милиони евра за поддршка на млади лица до 29 години за отворање на сопствен бизнис, со досега највисока поддршка до 10.000 евра по апликант. Годинава за користење на средствата од оваа мерка пристигнаа повеќе од 2250 апликации, а одобрени се вкупно 950 грантови, додека конкретно за Пелагонискиот регион пристигнати се 237 пријави, од кои за 115 е одобрен грант. Ова е силна порака до нас како Влада и ни укажува дека постои голем интерес и желба кај младите да отворат сопствен бизнис и да останат дома, како и дека треба да продолжиме да ги имплементираме и догодина – кажа Ристески.
Ристески се надоврза и за останатите мерки од Оперативниот план кои се во насока на подобрување на вештините на младите за нивна интергација на пазарот на труд, како што се мерките за практиканство, мерките за обуки за здобивање на дополнителни вештини и доусовршувања со што на младите би им се зголемила компетитивноста на пазарот на труд, како и обуки за прекфалификации и насочување кон струки кои се дефицитарни на пазарот на труд.
Саемот на бизниси од Пелагонискиот регион „ПЕЛО ФОРУМ 2025“ е оргаизиран од страна на Регионалната стопанска комора од Битола во соработка со здружението „Про Локал“ од Битола.
На настанот се обратија и учество, покрај замник-министерот Ристески, зедоа и Н.Е. Узлем Џанел– Амбасадорка на Кралството на Холандија, Даниела Димовска – Директор на Агенција за иновации научно технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), Мирко Велковски – Претседател на регионална стопанска комора, претставници од повеќе државни институции и општини од регионот, како и претставници од граѓанскиот сектор.
фото Министерство за Економија


