Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Единствено што прави СДСМФилипче со реакција на навредливата реторика на Мицкоски: „Тоа е фрустрација“ е барање поддршка на семејствата и откривање на вистината за Кочани

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска на прес-конференција реагираше на изјавите во вчерашното интервју на премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека е згрозен, но не и изненаден од, како што рече, навредливата и недолична реторика на премиерот, кој повеќе од десет пати ја обвини СДСМ дека води „некрофилска политика“.

„Ова не е ново, го говори подолг временски период. И таа реторика на навреди покажува само една работа, тоа е фрустрација од неуспешните обиди да вистината или некои блиски луѓе на ВМРО-ДПМНЕ се заштитат од истрагата”, рече д-р Филипче.

Тој истакна дека таквото однесување е обид да се изманипулира дел од истрагата и одговорноста да се стави „под маса“, што, според Филипче, создава дополнителна сомнеж и недоверба.

„Сметам дека тоа е страв од демократските алатки за докажување на вистината во овој страшен случај, оваа навистина голема трагедија. И затоа побаравме и анкетна комисија, и надзорна комисија на расправа во Собранието. Во текот на вчерашниот ден во Собранието го доставивме и формално тоа барање, што значи дека ке ги искористиме сите демократски механизми да се истражи секој детал од ова трагедија. И затоа порачувам и на родителите, и на целокупната јавност се што правиме од почетокот до непосредно после трагедијата е барање за поддршка на семејството и откривање на вистината за овој случај“, додаде претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на денешната прес-конференција.

Можеби ќе ве интересира

“ПАДНА” ПОЛИЦАЕЦ: Возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и под дејство на алкохол!

ДЕСК

Кривични пријави за вработени во МВР и Шумска полиција за „злоупотреба на службена положба и овластување“, „оддавање на службена тајна“ и „пустошење на шуми“

ДЕСК

Полицијата му упадна во објектот каде што престојува – апсење во Струга

ДЕСК