Centar.mk
Uncategorized

Спречен обид за изнесување на девизи во Македонија

Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден запленија девизи кои српски државјанин имал намера нелегално да ги изнесе од државава.

Поради сомневање во изјавата која ја дал патникот дека нема што да пријави и дека со себе носи помалку од 1.000 евра, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на совозачкото седиште под машка јакна во црна рачна торбичка се пронајдени 44.000 евра, а во багажниот простор на возилото во црна кожна ташна биле пронајдени дополнителни 50.000 евра или вкупно 94.000 евра за кои лицето не поседувало документ за потекло на парите и не ги пријавило.

На лицето му биле вратени 10.000 евра, сума која согласно Законот за девизно работење нерезидентите можат без да пријават да ja изнесат од државава, а останатиот износ од 84.000 евра се привремено одземени.

Можеби ќе ве интересира

ПОЦ ја отвори хуманитарната зона H – Паркирањето станува можност за хуманост и солидарност

ДЕСК

Јаневска: за оптимизацијата и едносменската настава имаме поддршка од УНИЦЕФ, ефектите од образовните промени се потврдени во извештајот на ЕУ

ДЕСК

НОВА АПЛИКАЦИЈА МОЖЕ ДА СПАСУВА ЖИВОТИ – ЦУК подготвува систем за испраќање точна локација и видео при итни случаи

ДЕСК