Centar.mk
СВЕТ

Јапонскиот град Оита во пламен: зафатени 170 објекти, едно лице исчезнато

Пожар зафати повеќе од 170 објекти во јужен јапонски крајбрежен град, гореше преку ноќ и сè уште не е целосно изгаснат, соопшти националната противпожарна агенција во понеделник.

Околу 175 жители на округот Саганосеки во градот Оита, околу 770 км југозападно од Токио, избегаа во засолништа за итни случаи откако пожарот избувна вчера околу 17:40 часот (08:40 GMT), соопшти Агенцијата за управување со пожари и катастрофи.

Едно лице сè уште се води како исчезнато додека причината за пожарот се истражува, соопшти Агенцијата. Локалните медиуми објавија дека пламените јазици се прошириле и на блиските шумски ридови.

Јапонскиот премиер Санае Такаичи во објава на Икс изјави дека е испратен воен хеликоптер за гаснење на пожарот на барање на гувернерот на префектурата Оита./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

САД СО БЕЗБЕДНОСНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ЗА ЦЕЛА ЕВРОПА – Американските амбасади повикуваат на зголемена внимателност пред празниците

ДЕСК

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОДОБРИ РЕКОРДНА ПОМОШ ЗА УКРАИНА – Речиси 8 милијарди евра за Киев

ДЕСК

ЕУ УДРИ ПО РУСКИТЕ БАНКИ И ЕНЕРГЕТСКИ КОМПАНИИ – Нови санкции против 113 лица и субјекти

ДЕСК