Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Филипче: Тоа што ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласа е заслуга и на опозициското делување на СДСМ

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на новинарско прашање категорично ги отфрли шпекулациите за каков било „скриен договор“ со ВМРО-ДПМНЕ, нагласувајќи дека опозициското делување и реторика на СДСМ е едно од клучните причини за значајниот пад на поддршката на владејачката партија.

„Во однос на некаков скриен договор со ВМРО-ДПМНЕ или тоа дека ние немаме доволно силна опозициска реторика во изминатиот период, сметам дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ изгуби 140.000 гласови за година ипол, а тоа е третина од гласовите што ги добија пред година ипол, е заслуга во еден дел и на нашата опозициска реторика”, одговори д-р Филипче.

Тој додаде дека СДСМ во континуитет ја разобличува, како што рече, лажната реторика и патриотизам на ВМРО-ДПМНЕ, објавувајќи низа скандали и незаконско работење на актуелната власт.

„Ние сме тие и бевме тие кои што ги разобличуваа нивните лаги, нивната лажна реторика и нивниот лажен патриотизам. Ги откривме скандалите, коруптивните шеми, мрежата на договорени тендери за кои што, за жал, нема никаква реакција. Скандалите во АНБ, тешката партизација на институциите и ќе продолжиме така, како силна опозиција уште позасилено да работиме во следниот период”, нагласи лидерот на СДСМ, д-р Филипче.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК