Centar.mk
СВЕТ

Во Полска саботажа на железничка пруга клучна за Украина, идентификувани осомничени

Полска ќе ја зголеми нивната состојба на закана на одредени железнички линии и ќе ја штити клучната инфраструктура со војска, соопшти премиерот Доналд Туск откако биле оштетени шините на пруга што води кон Украина.

Туск информираше дека е побарано воведување трето ниво на закана поради терористички закани, а тоа ќе се однесува на одредени пруги, додека остатокот од земјата ќе остане на второ ниво.

Премиерот соопшти дека Полска идентификувала две лица одговорни за саботажата — двајца украински државјани кои соработувале со руските разузнавачки служби и побегнале во Белорусија.

Според портпаролот на специјалните служби, сите индикации упатуваат дека зад саботажата стојат руските разузнавачки служби.

Експлозијата на пругата Варшава–Лублин, која ја поврзува престолнината со град на украинската граница, следела по низа подметнати пожари, саботажи и кибернапади во Полска и други европски држави.

Владата утрото одржала вонредна седница на Советот за национална безбедност, на која присуствувале воени команданти, разузнавачки служби и претставник на претседателот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Сакам војната да се заврши за еден месец, му рекол Трамп на Зеленски

C +

Трамп сака до Денот на независноста да ја запре војната во Украина

C +

Лидерите на ЕУ во Киев на годишнината од војната; Зеленски: Путин не успеа да ги постигне целите

C +