Centar.mk
РЕГИОН

Градоначалникот на Загреб: Штетата е тотална, пожарот постојано се разгорува

Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење.

Сцените се ужасни, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така, дојде кај зградата утрово.

„Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор. Причината е непозната, постојат некои сомневања, но истрагата на лице место ќе го утврди тоа. За жал, штетата е целосна. Мнозински сопственик на зградата е државата, градежните инженери ќе треба да видат дали објектот е за рушење или ќе се обнови“, рече Томашевиќ.

Засега нема опасност од уривање, додаде тој. „Најважно е што нема жртви и безбедноста на пожарникарите е најважна“, додаде тој./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ со порака од Пекинг: Можно е наскоро да поднесам оставка

C +

23 лица се приведени доцна синоќа поради напад врз полицајци во Белград

C +

Драматични сцени по протестот во Белград: Апсења, судири и полициска реакција во центарот

ДЕСК