Centar.mk
Фото МВР
-МАКЕДОНИЈА

Министерот Панче Тошковски опериран во клиничката болница “Мајка Тереза” – се огласи на социјалните мрежи и кажа дека се чувствува стабилно

– Денеска во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје бев подложен на успешна хируршка интервенција и се чувствувам стабилно. Во моментов сум под надзор на лекарите, по што следува краток период на опоравување, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.

– Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи продолжува непречено и ефикасно да функционира согласно утврдените процедури. Целиот тим професионално си ги извршува обврските и моето привремено отсуство нема да има никакво влијание врз тековните процеси и активности, ниту пак врз безбедноста на граѓаните.
Веднаш по завршувањето на периодот на опоравување, се враќам на редовно извршување на моите обврски во полн капацитет, вели Тошковски.

Можеби ќе ве интересира

РАСПРАВИЈА ПРЕРАСНАЛА ВО НАПАД: Малолетник нападнат во близина на семеен двор

ДЕСК

ВЕТУВАЊЕ ЗА ПОМОШ, ПА МОЛК НА ТЕЛЕФОН: Седумдесет и едногодишник пријавил измама тешка 500 евра

ДЕСК

Битиќи: Економската лага на Мицкоски се распаѓа на каса во маркет

ДЕСК