Centar.mk
-ЛОКАЛНО

Герасимовски: Новата граѓанско-административна зграда ќе биде завршена до крајот на 2029 година

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, е уверен дека новата граѓанско-административна зграда ќе биде завршена до крајот на 2029 година. „Оптимист сум дека рокот зацртан во програмата ќе го зачуваме,“ вели Герасимовски во интервјуто за Рацин, нагласувајќи дека општината веќе ги има финализирано клучните предфази од проектот.

„Имаме идејни решенија од конкурсот. Откупивме три најдобри трудови, избрани од комисија составена од внатрешни и надворешни експерти, професори од градежниот и архитектонскиот факултет. Во моментов се изработува главниот проект и планираме тој да биде готов до февруари–март. Потоа следат околу три месеци за подготовка на документацијата и распишување јавна набавка за изградбата,“ изјави Герасимовски.

Во однос на идниот изглед, тој сподели детали за концептот:
„Сакаме да изградиме стаклена граѓанско-административна зграда, отворена, транспарентна, каде што граѓаните ќе имаат учество и увид во сето тоа што го работиме заедно. Ќе има и простории што ќе можат да ги користат невладините организации, бесплатно, за настани и културни програми што се одржуваат на територијата на Општина Центар. Предвидени се и три нивоа подземно паркирање, со што ќе го решиме делот со паркирањето во Дебар Маало,“ рече Герасимовски.

„Во самата парцела има можност за градба на две згради. За разлика од минатото, кога се планираа десеткатници, идејата на граѓаните и мојата е новата зграда да биде значително пониска, усогласена со околината, не повисока од пет ката. Вработените ќе имаат подобри услови за работа, но ќе се обезбеди и простор наменет за граѓаните и граѓанскиот сектор,“ посочи градоначалникот.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК

Скопјанец заврши на клиника со тешки повреди, откако среде бел ден бил претепан од едно лице

ДЕСК