Centar.mk
photo created by AI
РЕГИОН

24-годишник застрелан пред зграда во Белград, се бори за живот: напаѓачот е во бегство

Во Белград е во тек голема полициска потрага откако 24-годишен маж беше застрелан на Канарево Брдо во неделата. Напаѓачот го пречекал пред зградата каде што живее, а тешко повредениот млад човек е во критична состојба и лекарите се борат за неговиот живот, пишува Телеграф.рс.

Според сведоците, напаѓачот носел перика и бил виден во близина на зградата еден ден пред пукањето. Го застрелал младиот човек во градите додека се приближувал кон својот автомобил, а потоа избегал. Тешко повредениот 24-годишник бил итно примен во болница каде што бил опериран, но неговата состојба останува критична.

Белградската полиција започна голема операција наречена „Вихор 3“ во потрага по сторителот. Според Телеграф, напаѓачот наводно од претходно ѝ е познат на полицијата поради принуда и нанесување полесни повреди.

Пукањето предизвикало паника во соседството, особено затоа што во времето на нападот имало многу деца надвор. Мотивот за нападот сè уште е непознат, а истрагата ја води Вишото јавно обвинителство во Белград./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Хрватска испраќа авиони за евакуација на своите граѓани од Дубаи поради воената ескалација на Блискиот Исток

ДЕСК

Српските патници кои беа евакуирани од Дубаи: „Ни рекоа за 15 минути да се спакуваме“

C +

Авион од Дубаи слета во Белград, евакуирани 200 српски државјани

C +