Centar.mk
фото Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Петров: Доста со јавни препукувања, потребна е дебата внатре во СДСМ

Анализаријќи ја состојбата во СДСМ, поранешниот генерален секретар на СДСМ, Андреј Петров, во интервју за ТВ Сител порача дека на партијата сега ѝ е потребна внатрешна дебата, а не јавно препукување.

„Гледаме еве некои јавни препукувања кои на сцената ги има, на луѓе кои имале истакнати функции во државата. Меѓусебни обвинувања. Тоа ја слабее партијата, тоа значи дека има нешто проблематично внатре кое треба да се отстрани. Желбата некој да се етикетира или оцрне доведе до тоа сите здравомислечки луѓе си велам што има јас да влегувам во конфликт, потоа да се соочувам со критикити. Треба сите да се вклучат сите кои имале некаква одговорност, да се приклучат и да му помогнат на СДСМ, бидејќи е во тешка ситуација и тоа е очигледно“ порача Петров.

Според него, потребно е вклучување и на младите генерации, на оие кои се пасивизирани и истите да бидат дел од внатрепартиските дискусии за креирање на идното партиско дејствување.

error: Соддржината е заштитена.