Centar.mk
СВЕТ

Масовни протести во Мексико Сити – повредени 120 лица

На антивладините протести што се одржаа во саботата во Мексико Сити повредени се најмалку 120 лица, од кои 100 се полицајци, а 20 лица се уапсени, соопшти локалната полиција.

Протестите ги организираше „генерацијата З“ против криминалот, корупцијата и неказнивоста. Демонстрантите демонтираа делови од бариерата пред Националната палата, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.

Активистите изразија незадоволство и поради убиствата на познати личности, вклучително и градоначалникот на Уруапан, Карлос Манзо, кој беше застрелан на 1 ноември поради неговата борба против нарко-картелите./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Шефот на Пентагон им порача на членките на НАТО да ги зајакнат своите борбени капацитети

C +

Трамп го предупреди Иран: Мора да постигнеме договор, во спротивно ќе биде многу трауматично

C +

Зеленски потпиша: Украина воведува санкции за 91 брод од руската „флота во сенка“

C +